Храна и лекови: Комбинации кои морате да ги избегнувате

203

Кога пиете специфични лекови, освен упатство за дозата, треба да го прашате својот фармацевт дали постои некоја храна или пијалак со кои не треба да ги комбинирате.

Најчесто нема ризик, но сепак, некои лекови и некои видови храна не „одат“ заедно.

Ако пиете лекови за срцето

Избегнувајте ликорис (познат народно и како сладунче или слатко дрвце), кој е корисен во борбата против астма, има антидепресивни својства, полезен е за црниот дроб, но не треба да се комбинира со лековите за срцевиот мускул, бидејќи содржи глицирхизин. Ова соединение, кое ја дава слаткоста, е во контраефект со лековите за срце, со антикоагулантите, но и со контрацептивните таблети.

Ако пиете лекови за висок притисок

Не јадете банани, поради високото ниво на калиум. Треба да ги избегнувате и другите намирници богати со калиум (спанаќ, кељ…), да не јадете сувомесни производи, но ниту чадена и ферментирана храна и млечни преработки.

Ако пиете антибиотици

Избегнувајте млечни производи, за да може антибиотикот правилно да се апсорбира во вашето тело.

Ако пиете лекови за штитната жлезда

Избегнувајте ги оревите. Тие ја забавуваат апсорпцијата на активните состојки од лековите кои се наменети за воспоставување правилна работа на штитната жлезда.

Ако пиете лекови за холестерол

Не смеете да пиете сок од грејпфрут, од едноставна причина што тој ќе ве направи почувствителни на лекот, а со тоа и поподложни на нуспојавите.

Ако пиете антикоагуланти

Не пијте чај и сок од брусница. Брусницата сама по себе има антикоатулантни својства и во комбинација со овие лекови може да дојде до драстично разредување на крвта, што понатаму повлекува уште поголеми здравствени проблеми.