7 совети на Џенифер Лопез за здрава и негувана кожа

102

Џенифер Лопез има 50 години, но и тело и лице на кои целиот свет се воодушевува. Она што е сигурно е дека се негува и си посветува внимание на себе.

Во продолжение ќе ги најдете советите кои низ годините таа ги споделувала во интервјуа со многу познати магазини и модни списанија:

Сонот е клучен

Дури и со напорниот начин на живот, преполн со снимања и настапи, таа се труди да одвои најмалку 8 часа за квалитетен сон.

Убавината доаѓа и однатре

Водата и свежите намирници во исхраната се подеднакво важни како и негата со соодветната козметика.

Никакви пороци

Никогаш нема да ја видите Џеј Ло ниту со чашка алкохол, ниту пак со цигара во раката.

Не внесува кофеин

Џенифер го обожава кафето, но избира да ја пие варијантата без кофеин. Таа во 2016 година потврди дека со децении нема внесено кофеин.

Сепак, гените се важни

Ниту еден од претходните методи нема да даде целосен ефект, ако не постојат гените како „подлога“. Џеј Ло е благодарна што го наследила тоа од нејзините мајка и баба.

Медитација

Бидејќи е уверена дека убавината доаѓа однатре, таа се труди умот, телото и душата да се синхронизирани, а тоа го постигнува со помош на медитација.

Рутина пред спиење

Колку и да е уморна, Џенифер Лопез никогаш не си легнува со шминка или неисчистено лице. Секогаш го мие, нанесува тоник, а потоа користи потхранувачки ноќни креми и серуми.