Куперов тест – како да ја проверите сопствената издржливост

110

Доколку сакате да ја проверите својата кондиција, а не знаете како, тогаш Куперовиот тест е идеален за тоа. Ако започнувате со вежбање, најдобро е тестот да го направите веднаш, но и да го повторите за три месеци за да видите каков напредок имате.

Овој тест го смисли американскиот лекар Кенет Купер, со чија помош за 12 минути може да се провери физичката подготвеност. Она што ја покажува физичката спремност на овој тест е количината на воздух што белите дробови ја трошат за 12-минутно трчање.

Сè што е потребно за да изведе овој тест е статична патека за трчање и мерач на време. Потребно е да трчате 12 минути без да престанете, а бројот на километри што ќе го поминете за тој период е резултатот на вашата издржливост.

На пример, ако сте успеале за 12 минути да истрчате 2.640 метри, па и повеќе, а имате помалку од 30 години, во тој случај сте во одлична кондиција. Доколку сте на истата возраст, но за 12 минути истрачате само 1.520 метри, тогаш кондицијата ви е многу слаба.