Намирници богати со фолна киселина

27

Сите луѓе имаат потреба од фолна киселина! Кај нормална, разновидна и балансирана исхрана, тие потреби обично се задоволуваат преку храната. Меѓутоа, кај жени кои планираат бременост или кои се веќе бремени, потребите се зголемуваат. Со доволна количина на фолна киселина во организмот на жената пред бременоста и во првите недели од бременоста, може да се превенираат големи дефекти во развојот на нервниот систем и мозокот на плодот. Фолната киселина превенира и анемија и го чува здравјето на срцето на мајката.

Спанаќ
За правилно растење на фетусот и правилен развој на нервниот систем, бремените жени треба да консумираат спанаќ, кој содржи фолна киселина, манган, фосфор, магнезиум и цинк.

Портокал
Портокалот содржи 55 микрограма фолна киселина, а сокот од портокал 74 микрограма фолна киселина во една чаша. Добар и здрав ручек богат со фолна киселина е пилешко со портокал и спанаќ.

Црвен грав
Лесно се додава во различни јадења, а содржи 11 микрограма фолна киселина во половина шоља варен грав.

Брокула
Една шоља брокула ви овозможува дневен внес фолна киселина од 104 микрограма, односно ¼ од потребниот дневен внес. Овој здрав зеленчук, освен со фолна киселина е богат и со железо, витамин „Ц“, влакна, бета каротен и калциум.

Јајца
Тие содржат протеини, железо, фолна киселина и омега -3 масна киселина. Белката и нејзиниот состав се смета за идеален извор на протеини бидејќи ги содржи сите есенцијални аминокиселини во совршени пропорции, додека жолчката ги содржи клучните состојки потребни за разој на бебешкиот мозок.

Семки од тиква

Половина шоља семки од тиква ја задоволува дневната потреба од аминокиселини, тие се одличен извор на витамини и минерали, а содржат цинк и железо дури три пати повеќе од месото.