Сами направете си паста за избелување на заби

95

Податоците говорат дека луѓето годишно трошат околу три милијарди долари за избелување на забите. Постапката може да чини многу, а потребно е да се повторни неколку пати. Но, сепак постојат работи што ги имате во вашта кујна, а кои можат да ви помогнат да имате бели и здрави заби.

Паста од ѓумбир, лимон и сол

За оваа паста се потребни само три намирници. Најпрво треба да изрендате парче ѓумбир, па го додадете малку сол. На крајот исцедете сок од лимон и убаво промешајте ја смесата, којашто ќе ја нанесете на забите со четка. Потребно е да ја чувате смесата на забите околу три минути, а потоа исплакнете.

Паста од какао и кокосово масло

За оваа природна паста за избелување, потребни ви се лажичка какао во прав што треба да се промеша со кокосово масло или вода. Направената паста нанесете ја на забите со четкичка.