Моќ “сокриена“ во една чаша јогурт

12

Јогуртот е млечен напиток богат со калциум и добри бактерии што се одлични за избалансирана исхрана.

Бактеријата Lactobacillus што ја има во јогуртот влијае на подобрување на расположението, го намалува стресот и анксиозноста. Јогуртот, исто така, го зајакнува имунитетот, го подобрува здравјето на срцето и ги чува забите здрави.

Истражувањата покажуваат дека само 170 грама јогурт дневно го намалува ризикот од појава на висок крвен притисок за над 30%. Бидејќи е богат со пробиотици, јогуртот е силен сојузник во борбата против настинките, грипот и вирусите.