Храна што помага во градење на мускулна маса

102

Ако веќе имате воспоставено режим на вежбање вклучете ги овие продукти во исхраната за да постигнете најдобри резултати.

Jајца

Јајцата обезбедуваат големо количество на протеини, околу 6-8 грама по јајце, а воедно се богати и со витамини, цинк, железо и калциум што ги прави едни од најкомплетните продукти кога станува збор за градење на мускули.

Рибино масло

Рибиното масло делува против воспаленија и ќе му помогне на вашето тело побргу да закрепне по напорното вежбање. Ова значи дека ќе можете да вежбате често без воспаленија. Рибиното масло воедно го забрзува метаболизмот. Тоа освен што ќе ви помогне да изградите мускулна маса, ќе ви помогне и да го елиминирате вишокот на масни наслаги и да ја нагласите дефиницијата на мускулите.

Говедско месо

Говедското месо е богато со омега 3 масни киселини, добри незаситени масти, витамин А и витамин Е.

Ананас

Анасот е богат избор на протеинот бромелин. Исто така е познат по тоа што ги намалува воспаленијата во мускулите што го прави одлична храна за после вежбање.

Леќа и наут

Кој вели дека треба да јадете месо за да внесувате протеини. Ова вегетаријанска храна ги нуди потребните протеини за изградба на мускули.

Бадеми

Големите работи доаѓаат во мали пакувања. Бадемите се добар извр на протеини и масти, но тоа што содржат витамин Е е најголемата придобивка за мускулите. Тие се моќен антиоксиданс и можат да ви помогнат побргу да закрепнете по вежбањето.