Направете сами: Гел-серум за кожа од алое вера

30

Алое верата има голем број лековити својства, а способноста да ги лекува површинските оштетувања на кожата, но и да ги намалува брчките, е само една од нив.

Лековитиот вид на алое вера може да се одгледува и во домашни услови и секогаш да ви биде достапно кога и да е потребно. Гелот од алое вера може да ви помогне во побрзо зараснување на рани и изгореници, а лузните ги прави помалку видливи.

Лековитото алое всушност е Aloe barbadensis, а за да направите домашен гел-серум, потребен ви е еден лист од растението (или повеќе ако е помладо) и витамин Ц во прав.

Најдобро е да направите мала количина, бидејќи е лесно расиплив. Ако имате голем лист, излупете ја внатрешната рамна страна, а гелот од срцевината префрлете го во крупна цедалка, поставена врз тегличка. Користете надворешни листови, бидејќи тие се позрели.

Откако ќе се прецеди гелот, помешајте го со малку витамин Ц во прав, а можете да додадете и неколку капки масло со витамин Е. Измешајте ги состојките. Важно е целата постапка да ја правите со добро измиени раце, а тегличката која ја користите да е добро измиена.

Добиениот гел користете го за вечерна хидратација на кожата на лицето. Ако додадете кокосово масло, добивате хидратантен лосион за целото тело.