Која е најскапа, а која “најгрозна“ пица во светот?

17

Пицата е омилено јадење на многумина, но дали ги знаете која е најскапата, најдолгата и “најгрозната“ пица во светот?

Ова се интересни факти поврзани со овој италијански специјалитет што го освои целиот свет.

Приматот најскапа пица го понесе пицата на Ренато Виола. Нејзината цена од 12.000 долари е поради тоа што е направена од органско брашно, посолена е со специјална сол од Австралија. За подготовка на една ваква пица, од 20 сантиметри, потребни се 72 часа, а меѓу состојките што ја прават уште попосебна се три видови на кавијар и седум видови сирење. Пицата може да ја јадат двајца и така да си ја поделат сметката со по 6.000 долари.

Ако сте вистински обожавател на пица дали би пробале пица што одозгора има шкампи, мајонез, грашок и виршли. Иако постојат пици со морски плодови, оваа пица го има епитетот “најгрозна“ поради лошата комбинација на состојките.

Според Гинисовата книга на рекорди, најдолгата пица во светот се протега на скоро два километри. Зад овој рекорд стојат 10 пицерии од Калифорнија што направиле пица долга 1.930 метри. За да се направи ваква пица, ангажирани биле 100 лица кои 54 часа ја подготвувале.