Сите предности на целерот

10

Во народната медицина целерот е одамна познат како лек против висок крвен притисок, а тоа го покажуваат и новите студии. Според новите истражувања, конзумирањето на целер значително го намалува холестеролот, спречува болести на срцето и го регулира крвниот притисок. Тој помага и во подобрување на дигестивниот систем и регулација на телесната тежина. Позитивно влијае на работата на црниот дроб, на кожата, очите и когнитивното здравје.

Во 100 грама целер има само 16 калории, а содржи бројни витамини, минерали, фосфор, железо, цинк, селен, калциум и магнезиум, рибофлавин и калиум.

Името на оваа билка доаѓа од латинскиот збор celeri кој значи брзо делување. И навистина, целерот дејствува брзо и интензивно врз организмот, а кога ќе откриете во што се може целерот да ви помогне, тој сигурно ќе стане главна состојка во вашата кујна.

Извор на витамини кои нема да исчезнат со варење

Стеблата на ова растение се одличен извор на витамините Б1, Б2, Б6, Ц и минералите како што се калиумот, фолната киселина, калциумот, магнезиумот, железото, фосфорот, натриумот и аминокиселините. Она што е најважно е дека целерот е едно од ретките растенија кои своите богати хранливи состојки не ги губи со готвењето.

Смирувачко средство кое штити од рак

Целерот го намалува кривниот притисок и е добар природен борец против ракот. Содржи хемикалија која ги намалува хормоните на стресот во телото. Покрај тоа, минералите кои ги содржи во својот сок помагаат при несоница. Сите овие функции заедно овозможуваат проширување на крвните садови, па крвта има повеќе простор за да „мирно“ циркулира низ телото.

За здрави бубрези и мочни патишта

Целерот е извонреден природен диуретик. Калиумот и натриумот, кој ги содржи целерот, помагаат во регулирањето на телесната течност. Освен тоа, целерот го стимулира создавањето на урината. Ја подобрува функцијата на бубрезите и ги отстранува токсините од организмот, со што се спречува настанувањето на каменчиња.

Ја намалува болката во зголобовите

Целерот им се препорачува на лицата кои патат од артритис, реума и гихт. Неговите антивоспалителни својства, кои се наоѓаат во семето, ги намалуваат отокот и болката во зглобовите и грчевите во мускулите.

За витка линија и убавина

Целерот содржи висок процент на вода и скоро незначителен број на калории. Тоа ја прави оваа билка идеална за било која диета. Целерот е богат со растителни влакна, со што го намалува чувството на глад. Целерот ја обновува косата и кожата и не прави поздрави и поубави.