Домашни гумени бонбони без желатин и вештачки бои

176

Гумените мечиња на многумина им се омилени, без оглед на тоа што во индустриски произведените има доста емулгатори и вештачки бои.

Добра вест е можете да ги направите од овошје и природен желатин (агар агар), без додаток на најразлични хемикалии. Нивниот рок на траење поради природните состојки е доста краток, најмногу два дена, но сигурно е дека ќе успеете да ги изедете за доста пократко време.

Потребни ви се:

250 гр јагоди (смрзнати или свежи)
2 лажици мед (за веганска варијанта сируп од агаве)
Едно пакување агар агар

Подготовка:

Загрејте ги јагодите. Кога ќе омекнат, со рачен блендер измиксирајте ги, па додадете го избраниот засладувач и пакувањето агар агар. Смесата вратете ја на тивок оган и постојано мешајте. Кога ќе забележите дека се згуснува, ставајте од смесата во калап мечиња (или форма по ваш избор). Ставете го калапот околу 30 минути во замрзнувач или час и половина во фрижидер.

Потоа, можете да ги јадете домашните гумени бонбони.

Можете да употребите и мешано шумско овошје, во зависност од тоа каков вкус сакате да добиете.