Како да го зголемите бројот на чекори

11

Пешачењето е наједноставна физичка активност, но придобивките од пешачењето често знаеме да ги потцениме.

Ако пешачите секој ден 800 метри, во вашето тело ќе се случат значителни промени одлични по здравјето.

За успешно да ја контролирате телесната тежина и одржите здравјето, дневно би требало да направите околу 10.000 чекори. Оваа бројка се чини голема особено ако работите канцелариска работа или поголем дел од времето го поминувате во автомобил.

Овие совети ќе ви помогнат да ги реализирате тие чекори.

– носете ги и земајте ги децата од училиште

–  обидете се наместо со автомобил и автобус, да одите пеш

– шетајте го своето куче подолго

– започнете пополека, потоа зголемувајте ги чекорите и растојанието

– внимавајте на поставеноста на телото додека пешачите

– престанете да користите лифтови

– пешачете со пријател

– слушајте ја вашата омилена музика

– пешачете на места каде не се движите често, каде можете да видите нови работи

Во текот на зимата, можете да продлжите да се движите дома на уред за вежбање.