Најчести грешки кои се прават при користење на блендерот

19

Користењето на блендерот изгледа како навистина лесна процедура, се ставаат намирниците во чашата и се вклучува апаратот, додека се добие саканата смеса.

Но, имајте предвид дека сувите состојки не треба да ги додавате први, бидејќи ќе се залепат на дното и нема да се измешаат добро со остатокот од смесата. Значи, најпрво ги ставате течните и влажни состојки, а потоа ги додавате сувите.

Ако ставате сварени намирници треба или да оставите да се изладат малку или да блендирате со отворена чашка, што кај некои блендери не е можно. Секогаш контролирајте ја брзината со која блендирате и големината на исецканите, односно изблендираните парчиња. Потребно е неколкупати да ги измешате состојките рачно пред да продолжите со блендирање.

Миењето е исто така клучно, бидејќи секој остаток од храна е потенцијална опасност за развој на бактерии, габи или мувлосување, но и уништување на ротациониот дел. Најдобро е да ставите вода во чашката, да додадете малку детергент за миење садови и да изблендирате неколку секунди. Потоа не заборавајте и рачно да ги исплакнете сите делови.