Што може сурутката да направи за вашето здравје?

80

Сурутката претставува нус производ од некои млечни производи, а има бројни придобивки за здравјето на луѓето. Таа се добива при производство на сирење.

Корисна е за црниот дроб и за оние кои сакаат да ослабнат. Сурутката е преполна со протеини и витамини, има вкус сличен на јогурт или кисело млеко, само што е поретка.

Покрај вода, во сурутката остануваат: 96% лактоза, 4% казеин, 50% минерали и соли и 93% протеини. Протеините содржат многу есенцијални амино киселини што брзо се апсорбираат во организмот. Тој вид на киселини не се произведува во телото, затоа мора да се внесуваат преку храна.