Лековитите својства на Комбухата

4

Комбухата е органски ферментиран природен производ, произведен по традиционален азиски рецепт.

Комбухата содржи неколку пати поголемо количество витамин C отколку лимонот. Од витамините од Б групата ги содржи: B1, B2, B3, B6 и B12. Содржи и различни видови ензими.

Најважната компонента, која се среќава во големо количество во екстрактот од комбухата е глукуронската киселина.

За што се користи комбухата:

На стариот Исток со милениуми се користи како делотворно средство против замор, малаксаност, нервоза, против стареење, против стеснување на крвните садови, запек, ревматизам и шеќерна болест.

Чајот од комбуха поседува голем број дејства од кои најизразено е антимкиробното, но и хепатопротективното дејство, при што ја подобрува функцијата на црниот дроб и спречува негово заболување. Поради брзата елиминација на токсините од крвта, врши детоксикација на организмот. Чајот од комбуха е богат со ензими и со витамини, коишто го зајакнуваат имуниот систем на човекот, а даваат и енергија и свежина на организмот. Поради присуството на витамин Б се користи и за олеснување на менструалните болки. Може да се користи како силна заштита на сите видови артритис.

Чајот од комбуха поседува голем број хемиски компоненти кои имаат антиоксидативно и антипролиферативно дејство, со што го помага спречувањето на растот на туморните клетки. Комбухата помага во спречување на појава на кардиоваскуларни заболувања, помага при стрес, нервоза или при проблеми со спиењето. Како едно од главните дејства е и тоа што дејствува како пробиотик, ги подобрува варењето на храната и работата на системот за варење, а со тоа го забрзува и метаболизмот, при што може полесно да се изгуби прекумерната тежина, а и да помогне во спречување на појавата на дијабетес.