Чудотворното глуварче, неправедно занемарена билка

101

Глуварчето е растение од кое може да се направи чај, тинктура или сируп. Се користат различни делови за различни намени. Од цветот се прави чај, а од коренот се прави сируп.

Долго време глуварчето се сметално за плевел и никој не ни помислувал дека може да биде вистинска ризница на лековити состојки. Постојат многу истражувања кои покажале дека чајот и сирупот се ефикасни во превенција од канцерогени заболувања, а исто така помага во побрзо враќање на балансот во телото кај луѓе кои поминале лечење со хемотерапија.

Има силни диуретски својства и помага во прочистување на жолчната кеса, црниот дроб и штити од алетгии. Одлично е за намалување на холестеролот, а богато е и со железо, калциум, фолна киселина и магнезиум, а содржи и витамин К и витамин А.

Континуираната примена на продуктите од глуварче гарантира подобар имунитет и полесно справување со која ѝ да е болест. Поради тоа што го прави нашиот организам поотпорен, полесно ги поднесуваме симптомите на настинки, грип, инфекции и слични нарушувања.

Коренот од глуварче може да се најде во подобро снабдените билни аптеки или пак, самите да го наберете со помош на искусни билкари.