Нутела стана синоним за чоколаден крем во којшто уживаат луѓето ширум светот. Но, оние кои внимаваат што јадат, тогаш бараат некоја поздрава варијанта без да имаат грижа на совест додека јадат.
Овој рецепт е токму за нив:
300 грама печени лешници
120 грама мед
40 грама какао
10 лажици вода
Печените лешници ставете ги во блендер и убаво измешајте. Во посебен сад ставете ги останатите состојки и додадете го во смесата со блендирани лешници. Кога ќе се соединат сите состојки, добивате убав крем што може да го ставите во тегла и да го чувате во фрижидер.