Четири знаци на слаб имунитет

111

Доколку имате некои од овие симптоми, тогаш би било добро да поработите на подигнување на имунитетот

Не можете да престанете да јадете благо

Прекумерното уживање во слатки работи, освен што ќе ја зголеми вашата тежина, може да му наштети и на имунолошкиот систем, којшто потоа нема да може да ве заштити од бактерии и вируси.

Не пиете доволно вода

Постои причина поради којашто се препорачува поголем внес на течности кога сте болни. На вашето тело му се потребни многу течности за да може да се бори против токсините. Доколку вашата урина има светло жолта боја (скоро без боја) и нема мирис, тоа е знак дека внесувате доволно вода.

Секогаш сте настинати

Ова е знак дека вашиот имунитет воопшто не работи како што треба. Возрасна личност во една сезона е нормално да биде настината до три пати, што во просек трае најмногу четири дена.

Постојано сте под стрес

Хроничниот стрес е еден од најголемите непријатели на имунолошкиот систем. Тој може само да ја влоши вашата клиничка слика. Луѓето кои се постојано под стрес многу потешко се борат со болести.