Направете си домашен ликер од лимон – Limoncello

42

Овој ликер од лимон потекнува од Италија, но не мора да одите до таму за да го пробате, бидејќи може да си направите и дома.

Потребни состојки:

Еден килограм лимони

Пола литар алкохол од 95%

Пола килограм шеќер

650 милилитри вода

Во голем сад излупете ги лимоните, но внимавајте да не ја лупите и белата подлога бидејќи таа дава интензивен горчлив вкус. На кората додадете го алкохолот и оставете да отстои една недела. На секои два дена протресувајте ја содржината. Потоа, исцедете ја содржината, додадете го шеќерот и водата и варете на средна температура.

На здравје