Киноа, супер храна за одлично здравје

51

Киноата е суперхрана која заслужува да добие почесно место во кујната. Одгледувана повеќе од пет века на Андите и нарекувана “златото на Инките“, киноата во последниве неколку години рапидно си ја зголемува популарноста меѓу приврзаниците на здравата исхрана, на кои им се важни нутритивните вредности на консумираната храна.

Факти за киноата

  • Киноата има висока содржина на флавоноиди, вклучувајќи кверцетин и кампферол. Овие флавоноиди имаат антинфламаторни, антивирусни, антиканцерогени и антидепресивни својства.
  • Во 100 g киноа се наоѓаат околу 15 g диететски влакна, што е половина од прeпорачаната дневна доза за нормално функционирање на дигестивниот тракт и полесно празнење на цревата.
  • Киноата не содржи глутен и затоа е идеална намирница за оние кои се просетливи на него.
  • Киноата е одличен извор на протеини. Во 100 g киноа има 4,5 g протеини и за разлика од другите житарици киноата ги содржи сите есенцијални амино киселини.
  • Киноата е богата со калиум, цинк, железо, но најмногу со магнезиум.
  • Постојат студии за киноата со кои се потврдува дека киноата може да го намали нивото на глукоза, инсулин и триглицериди во крвта.
  • Киноата е многу богата со антиоксиданси.
  • Високата содржина на диететски влакна, протеините и нискиот гликемиски индекс се добра комбинација во борба против вишокот килограми.

Како да ја подготвите?

Киноата се подготвува многу едноставно и брзо. Во сад на оган ставете две чашки вода и почекајте да зоврие, потоа додајте една чаша киноа. Оставете да се вари на тивок оган околу 10 -15 минути. Кога ќе ја упие целата вода, тогаш е готова.

Можете да ја зачините со сол, маслиново масло и црн бибер и да ја користите како додаток за повеќе јадења и салати. Киноата може да се конзумира и во блага варијанта ако и додадете мед.