Тргнете ја вагата на страна, постојат поважни математики за фит тело

48

Тргнете се настрана од вагата, постојат многу  поважни математики кои треба да ги правите на дневно ниво, ако сакате фит тело.

Во желбата за витка линија многумина запаѓаат во замката – броење калории. Но, она што всушност треба да го броиме не се бројот на калории во храната ниту бројките на вагата, туку нешто сосема друго.

4 пати вежбање неделно – Зошто? Бидејќи упорноста носи резултати.

7 часа спиење дневно – Сè што е под тоа влијае на работата на хормонот лептин кој го регулира метаболизмот и чувството на глад. Заради недостаток на сон, ќе имате зголемена потреба од храна.

8 чаши вода дневно – Така силно ќе го хидрирате организмот. Доколку не внесувате доволно течности, метаболизмот ќе ви се успори и потешко ќе ги симнувате килограмите.

2 порции овошје и зеленчук дневно – Таквата храна богата со влакна, витамини и минерали ќе ви даде чувство на ситост и ќе ви го обезбеди потребниот дневен внес на витамини. Покрај здрави оброци ќе имате многу помалку потреба од брза храна.

1 час – Периодот на кој треба да станувате од столчето доколку вашата работа е поврзана со седење. Истегнете се и тоа ќе има поголем ефект од броењето на калориите.