Здравје во една чаша јогурт

46

Јогуртот со право го ужива приматот на млечен напиток со бројни придобивки за здравјето. Тој содржи здрави бактерии што имаат голема моќ во борба против лошите бактерии. Во само една чаша јогурт има голема количина на калиум, фосфор, јод, цинк и витамини.

Пробиотиците во јогуртот овозможуваат со негова редовна употреба да се регулира дигестивниот систем и да му се помогне на организмот да ги исфрли штетните материи.

Калиумот што го има во јогуртот (околу 600 милиграми на 220 милилитри јогурт) помага да се исфрлат непотребните течности во организмот со што се регулира крвниот притисок.

Јогуртот, исто така, е добар и за оралното здравје бидејќи не предизвикува кариес.

Овој млечен напиток е извор на протеини поради што создава чувство на ситост, па затоа се препорачува кај луѓе кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми поради зголемен апетит.