Слабејте додека пешачите: Пет килограми за три недели

44

Пешачењето со одредено темпо во комбинација со здрав начин на исхрана може да биде ефикасно средство за слабеење.

За да може да успеете во тоа, треба да одите со побрзо темпо три пати во неделата минимум половина час. Освен тоа, додека се движите бидете сконцентрирани на одот и активирајте ги мускулите на нозете со силно газење.

Немојте да заборавите со себе да понесете и вода за да не дозволите да дехидрирате и внимавајте на дишењето. Забрзаното темпо на одење може да ве остави без здив доколку дишете неурамнотежено, па затоа е важно длабоко да вдишете преку нос, а да издишувате преку уста.