Што е пилатес?

39

Концептот на посебен вид на делување на мускулатурата го разви германскиот тренер Џозеф Пилатес во 20-тите години на минатиот век.

Самиот начин на вежбање вклучува огромен број на различни вежби што се изведуваат со помош на справи, од кои некои се посебно дизајнирани за овој вид на физичка активност. Се смета дека постојат две верзии на пилатес вежби што се наменети за различни потребни на оние кои вежбаат – фитнес и пилатес за рехабилитација. Она што е заедничко за нив спојот на техниките за вежбање со потребната опрема.

Фитнес пилатесот е наменет за оние луѓе кои сакаат подобрување на својата форма, додека рехабилитацискиот пилатес се изведува под посебен надзор по некоја повреда. Вториот вид на пилатес најчесто се практикува со физиотерапевт, киропрактичар или пилатес инструктори што се искусни во таа област.