Кафе со цимет – диетална и вкусна комбинација

44

Традиционалното кафе за многумина е основен напиток со којшто го започнуваат денот. Некои го сакаат со кајмак, други со малку млеко, трети со или без шеќер.

Доколку сакате слатко кафе, но сакате да внимавате на внесот на шеќери во организмот, тогаш може да си направите вкусно каде без ниту едно зрнце шеќер, а да не ви биде горчливо.

Тоа ќе го постигнете ако во кафето ставите цимет. Овој зачин нема да го расипе вкусот, туку ќе му даде пријатна и слатка арома.

Циметот е здрав зачин што се препорачува за дијабетичари, бидејќи го спречува нивото на шеќерот во крвта, а е одличен и за расположение, па така ќе имате совршен почеток на денот.