Намирници што го забавуваат стареењето на кожата

49

Точно е дека храната што ја внесуваме е пресудна за тоа како ќе изгледаме и како ќе се чувствуваме. Секако постојат и други фактори што не треба да се изостават, но сепак ако ги користите овие намирници во вашето мени, тогаш ќе помогнете кожата да ви изгледа здраво.

Лимон

Ова цитрусно овошје е богато со витамин Ц, а често се користи и за тонирање на кожата. Исто така, лимонот во комбинација со шеќер (како природен пилинг) може да ви помогне да имате убава и затегната кожа.

Домат

Освен што се вкусни, доматите се здрави и за кожата, бидејќи се богати со витамини, а делуваат смирувачки. Доматите се богати со антиоксиданси коишто имаат благотворно дејство врз кожата.

Риба

Рибата е важен извор на омега 3 масни киселини, коишто имаат директно дејство врз кожата, го забавуваат процесот на нејзино стареење и ѝ ја даваат неопходната еластичност.