Црна лимонада за детоксикација и слабеење

42

Црната лимонада е лесна и едноставна за правење, а е одлична за детоксикација на организмот, зголемување на енергијата и подобар сон.

Потребни состојки:

Три до четири капсули активен јаглен

Два децилитри свежо цеден сок од лимон

Една лажица јаворов сируп

Малку сол

Еден литар вода

Најпрво се мешаат сокот од лимон и иситнетите капсули активен јаглен. Потоа се додаваат и другите состојки. Течноста чувајте ја во фрижидер и пијте ја неколку дена на празен желудник еден час пред оброк или пред спиење.