Веге мафини со боровинки

51

Одличен рецепт за сите приврзаници на веганската исхрана, и воопшто за сите што сакаат да пробаат нешто различно, здраво и вкусно. Со овие мафини од боровинки пријатно ќе ги изненадите вашите домашни или гостите! Рецептот е брз и лесен, а подготовката ќе ви одземе само неколку минути. Смесата е доволна за 12 мафини.

СОСТОЈКИ:

– 2 шолји брашно
– 1 лажица прашок за пециво
– 1/4 шолја вегански путер (или масло по избор)
– 1/2 шолја каша од јаболка
– 1/2 шолја соино млеко
– 3/4 шолја шеќер
– 1 лажица ванила
– 1/2 лажица сол
– 2 шолји замрзнати боровинки

ПОДГОТОВKА:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Убаво измешајте ги сите состојки и потоа сипете ја смесата во калап за мафини. Не полнете до горе туку околу 3/4. Печете ги мафините од 30 до 35 минути додека не добијат цврста кора. Оставете ги да се оладат и потоа уживајте во слаткото задоволство!

Ако сте на строга диета, можете брашното и шеќерот да ги замените со поздрави намирници како кокосово брашно.