Личниот тренер на Адел ги открива тајните за нејзиниот изглед

57

Британската поп дива, Адел, освен со нејзиниот глас во последно време го привлекува вниманието на јавноста и со нејзиниот фит изглед. Нејзиниот поранешен тренер Пит Герацимо, работеше со Адел околу четири години.

Тој за Business Insider објаснува дека нејзината трансформација доаѓа од три едноставни причини: јадење балансирана и посебна исхрана, излегување надвор од комфорната зона со редовни вежби и доволно сон за да може телото и умот да се одморат.

“Мојот главен совет за сите оние кои сакаат да направат здрави промени е да бидат целосно посветени на процесот, а пред сè да бидат трпеливи. Брзите резултати често пати и брзо исчезнуваат, а бавните траат подолго“, вели тој.

Според Герацимо, вежбањето и слабеењето треба да биде процес во којшто ќе се ужива. “Вежбањето треба да го подобри и надополни нашиот секојдневен живот и да ги поедностави секојдневните задачи“.

Тренинзите што ги имала Адел биле различни. “Тренинзите секогаш се разликуваа од вежби за сила и работа на отпорност до тренинзи за бокс. Исто така, додавав и кардио предизвици“, додава Герацимо.