Вкусни браунис по рецептот на Џејми Оливер

69

Доколку сакате колач во којшто ќе доминира чоколадниот вкус и кафената боја, тогаш запишете го рецептот што го има Џејми Оливер.

Потребни состојки

250 грама путер

200 грама темно чоколадо со висок процент на какао

80 грама какао

65 грама брашно

Една лажица прашок за печиво

360 грама шеќер

Четири јајца

По желба лешници, бадеми, ореви или сушено овошје

За глазура:

100 грама чоколадо за готвење

30 грама путер

Мешајте ги чоколадото и путер во сад под којшто има вода што врие. Откако ќе се стопат, додадете го сушеното овошје. Во друг сад, измешајте ги сите суви состојки и додадете ја смесата со растопено чоколадо. Промешајте за да се соединат. Јајцата изматете ги и полека додавајте ги за да се соединат со целата смеса.

Ставете ја смесата во садот за печење и печете 20 минути. Овие колачиња мора да биде меки во средината.