Маска за лице од чоколадо

39

Маската за лице од чоколадо може позитивно да влијае на кожата. За да на направите оваа маска потребно ви е малку чоколадо, што треба да се растопи и да му се додаде маслиново масло.

Чоколадната маска нанесете ја нежно со четка по лицето, оставете ја делува 20-тина минути, а потоа измијте го лицето со млака вода.

Црната чоколада содржи поголем процент на какао и поради тоа е подобар избор за да се направи маска. Таа содржи витамини , калциум, калиум, кофеин и многу какао, па затоа е одличен избор за нега на кожата на лицето.