Што е липосукциска исхрана?

40

Липосукциската исхрана е слична на протеинската диета, а нејзината суштина е во внесувањето доволно масти и протеини и намален внес на јаглени хидрати. Освен храна, овој вид на режим на исхрана подразбира и користење на некои видови на суплементи и додатоци во исхраната.

Поради намалениот внес на јаглени хидрати, а зголемено консумирање на протеини и маст, телото почнува да ги троши масните резерви што овозможува намалување на вишокот килограми и ослободување од масните наслаги.

Кога се работи за дневното мени на липосукциската исхрана, тоа започнува со лимонада, појадокот е лесен и може да биде омлет со сирење или некое смути. Ручекот може да биде бело месо и салата од свеж зеленчук, додека за вечера може да се јаде 200 грама месо или риба.