Кое масло е најдобро за готвење?

44

Ако сте поборник за здрава храна, тогашсигурно внимавате и со какво масло ќе го зготвите вашиот ручек. Не постои универзално правило за тоа кое масло е најдобро, па затоа одберете во зависност од тоа каков вкус сакате да постигнете.

Путер – путерот е млечен производ со хранливи материи, а содржи и мали количини на шеќер и протеини, што е причина да изгори при висока температура како пржење. Затоа, ако сакате да готвите со путер, внимавајте да не го загорите.

Маслиново масло – истражувањата покажуваат дека покрај масните киселини со двојни врски, сепак е релативно отпорно на висока температура. Бидете сигурни при изборот, тоа да биде екстра девствено маслиново масло. Чувајте го на ладно, суво и темно место.

Масла од семиња и растенија – маслото од семе и растенија се индустриски масла, кои се високо преработени и рафинирани. Не само што не треба да се готви со нив, избегнувајте ги и за останатите употреби. Избегнувајте масло од соја, пченкарно масло, масло од памук, од репка, сончогледово, масло од сусам…