Невистини за виното

34

Виното за некого претставува пијалак за посебни прилики, а за некого напиток што оди покрај секоја вкусна храна или мезе. Но, и за виното се врзуваат некои митови, еве неколку од нив

Не се пие вино пред ручек – постојат земји во кои луѓето се насладуваат, во умерени количини, со вино и во претпладневните часови.

Ако пиеш сам, значи имаш проблеми со алкохолот – овој мит се однесува на луѓе кои, иако се сами, уживаат во чаша добро вино читајќи книга, слушајќи музика или уживајќи во омиленото хоби.

Поскапото вино е подобро – како и за секој производ во светот, тоа не е правило. Сепак, постојат луѓе кои имаат подлабок џеб и сакаат да си дозволат шише вино од некоја посебна берба или посебна година. Но, и оние кои уживаат во чаша вино направено во домашни услови, не значи дека не знаат што е добро вино.

Консумирајте вино во умерени количини!