Сутлијаш – десерт за оние кои сакаат млеко и ориз

37

Сутлијашот е традиционален десерт што спојува две намирници – млеко и ориз.

Потребни состојки: ориз, млеко, шеќер по вкус, пакетче ванилин шеќер, чоколада за готвење, цимет.

Подготовка: Односот на оризот и млекото е 1:3. Во тенџере се ставаат млекото (млекото и водата) и шеќерот да зовријат, па се додава оризот и постојано се меша додека да се згусти. При крај се додава ванилин шеќер. Откако ќе се свари, содржината треба малку да одмори во тенџерето, па потоа се истура во чинии и озгора се ренда чоколадо и се наросува цимет.