Како да го засилиме растењето на косата?

42

Не постои волшебна формула што веднаш ќе ве претвори во самовила, но здравата кожа на главата може максимално да го поттикне растот на косата. Ако комбинирате разновидна исхрана со стимулативна нега и ако пиете витамински суплементи, косата во просек ќе ви расте сантиметар месечно. Освен тоа, ќе се чувствувате здраво и нема да се оптоварувате со изгледот на својата фризура.

Редовно мијте ја косата

Натрупувањето на нечистотиите во коренот на влакното го спречува неговиот раст. Колку е почиста кожата на главата, толку ќе ви биде поздрава косата. Ако е потребно, мијте ја секој втор ден, но не почесто.

Масирајте го темето

Стимулацијата ја поттикнува циркулацијата во коренот на влакното со што се подобрува текстурата на влакната. Додека се туширате, масирајте го коренот на косата со мали кружни движења. Потоа ставете хранлива маска на краевите или во коренот на косата.

Додадете протеин

Лошата и неправилна исхрана може да доведе до недостаток на железо, што од своја страна предизвикува кинење на косата или нејзина загуба. Протеините се градбени делови на влакното, па затоа е добро да ги набавуваме преку храната секојдневно. Вклучете пилешко, говедско месо, јајца, ореви, семиња и мешунки во менито.