Неколку трикови за прекрасни трепки

22

Кога се работи за нега на трепките и нивно шминкање, постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да изгледате неодоливо.

Нанесете маслиново или кокосово масло на трепките со четка од стара маскара, 10 минути пред нанесувањето на шминката. На овој начин ги заштитувате трепките од негативните ефекти на хемиските елементи содржани во козметичките производи.

Внесувањето на витамин Е и биотин го забрзува растот на трепките, како и на косата.

Дури и ако користите квалитетна маскара, таа во себе содржи хемиски компоненти. Токму затоа се препорачува да го „одмарате“ лицето од шминка, барем еднаш до двапати неделно. На овој начин ќе ја олесните природната регенерација на трепките.

Ставете ја здрвената маскарата во чаша со топла вода и таа веднаш ќе се опушти. Исто така, на овој начин ќе се растопат и сите грутки кои се создале во неа.

По нанесувањето на првиот слој маскара, нанесете малку бебешка пудра, од коренот кон врвовите на трепките. Иако во тој момент тие ќе изгледаат малку прашливи, по нанесувањето на вториот слој маскара, тие ќе изгледаат подолги и погусти.