Шпагети со сос од печурки

28

Тестенините не бараат од вас да бидете мајстор во кујна за да ги подготвите и да уживате во нивниот вкус. Еден таков рецепт е оној за шпагети што се комбинираат со сос од печурки.

Потребни состојки:

100 гр шпагети
50 гр пршута
Неколку свежи печурки
200 мл слатка павлака
Сол, оригано, бибер
Путер
Пармезан

На растопениот путер пропржете ја пршутата и исечканите печурки. Додадете ја павлаката за готвење и оставете да се крчка две минути. На крај додадете ги солта и ориганото.

Шпагетите сварете ги и префрлете ги во садот со сос. Оставете да се готват кратко, најмногу три минути. Послужете со пармезан.

Во зависност од тоа колку порции подготвувате, можете да ја зголемите количината на состојки пропорционално.