Џем од кајсии

25

Кајсиите се сезонско овошје што има одличен вкус, а лесно може да се подготвува и во различни десерти или џемови.

Потребни состојки:

Два килограма кајсии

300 грама шеќер

Кајсиите добро измијте ги, исчистете ги од коски и оштетени делови, па ставете ги во длабок плех или тепсија. Посипете ги со две-три лажици шеќер, прекријте со фолија и ставете во рерна на 200 степени.

После половина час тргнете ја фолијата и измешајте го џемот. Оставете да се запече уште 10-15 минути. Оставете малку да се излади, па полнете ги теглите.