Вкусни плескавици од компир и кашкавал

59

Не мора секогаш плескавиците да ги правите од мелено месо. Овој пат нашиот предлог се плескавици од компир.

Потребни состојки:

Пола килограм компири

Еден главица кромид

Едно јајце

Малку брашно

200 грама рендан кашкавал

Зачини

Масло за јадење

Изренданите компири посолете ги и оставете ги десетина минути за да ја испуштат водата што ја содржат. Потоа, додадете ги останатите состојки и мешајте за да добиете хомогена смеса од којашто ќе можете да формирате плескавици. Наместо да ги пржите, овие плескавици може да ги испечете и да добиете вкусен и здрав оброк.

На здравје