Палента – брз и евтин појадок

23

Ако наутро сакате да појадувате нешто лесно, што може да се комбинира и да биде вкусно, тогаш размислете да си направите палента.

Начин на подготовка:

Еден литар вода

Малку сол

250 грама палента

Малку путер

Рендан кашкавал по желба

Водата заедно со солта нека се вари. Кога ќе почне да врие, внимателно ставете ја палентата, но мешајте постојано за да не се направат грутки. Мешајте додека не ја добиете потребната густина.

Тргнете го тенџерето од оган, ставете малку путер, за да добиете кремаст вкус. На крајот може да го додадете ренданиот кашкавал, може и сирење, печурки или нешто по ваша желба.

На здравје