Пијалаци кои го топат салото на стомакот

25

Внесувањето на течности е неопходно за организмот, особено во летниот период. Освен што ќе останете хидрирани, со помош на овие четири пијалаци ќе се ослободите од масните наслаги на стомакот и ќе го прочистите организмот.

Водата е најважен сојузник на здравиот начин на живот без разлика дали сте на диета или не. Го подобрува дигитестивниот систем и придонесува за детоксикација на организмот. Може да додадете неколку капки лимон за уште подобар ефект. Комбинацијата лимон и топла вода го буди црниот дроб и поттикнува исфрлање на токсините од телото.

Нане – Го намалува апетитот. Додајте неколку листови нане во шише вода и оставете да отстои преку ноќ. Нането го смирува дигестивниот тракт и се препорачува доколку имате проблеми со стомакот.

Ананас – Ова егзотично овошје ќе ви помогне во процесот на слабеење. Ензимите кои ги содржи ананасот го прават да биде идеален сојузник за рамен стомак. Кога ви се пие нешто природно и свежо, направете си сок од ананас.

Зелен чај – Антиоксидантитите во зелениот чај кои се нарекуваат катехини можат да ви помогнат да го забрзате метаболизмот и да согорувате калории. Според едно истражување, испитаниците кои консумирале чај два пати дневно забележале дека ги намалиле масните наслаги на стомакот со просечен губиток од 1,9 центиметри во обемот на струкот. Се препорачува да пиете зелен чај пред тренинг.