Лесна и вкусна чоколадна торта

24

На лесен и брз начин подгответе слатко задоволство, а тоа е чоколадна торта, за која не мора да ја вклучувате рерната.

Потребни состојки:

400 грама мелени бисквити

Лажица какао

Пола литар млеко

Четири жолчки

Шест лажици шеќер

Еден ванилин шеќер

Шест лажици брашно

250 грама маргарин

100 грама чоколадо за готвење

Шлаг пена од чоколадо

Подготовка :

Во мелените бисквити додадете какао и по малку додавајте млеко за да се добие смеса од која може да се направи кора. Во посебен калап за cheesecake истурете ја и оформете ја кората.

Фил: Жолчките изматете ги со шесте лажици шеќер и ванила во прав, додадете брашно и малку млеко , изматете го со миксер за да се стопат грутките од брашно. Остатокот од млеко оставете го со 100 грама шеќер да изврие. Таму додадете ја изматената смеса и бркајте, внимавајте да не ви загори. Оставете го филот да се излади.  Маргаринот сматете го во пенаста состојба и измешајте го со изладениот фил. Потоа поделете го на два дела.  Во едниот додадете 100 грама сецкана чоколада, а во другиот 50 грама чоколадо стопено на пареа.

Преку корате нанесете го филот со сецкано чоколадо,  а над него филот со стопено чоколадо. На крај изматете ја шлаг пената и прелијте ја тортата со неа.