Синап, моќно семе кое го прочистува крвотокот и го зајакнува имунитетот до максимум

28

Во денешниот начин на живот најчесто го користиме во облик на сенф, а уште од далечното минато, од времето на Хипократ, растението на кое растело корисното семе од синап, било сметано за лековито. Има повеќе причини за тоа.

Семето од синап, исто како и ренот, кељот, брокулата и прокељот, припаѓа на фамијијата Brassicaceae.

Синапот е основната состојка на сенфот, а пронајдени се рецепти за сенф во написи стари околу четири илјади години. Покрај специфичниот вкус по кој е позната оваа билка, овој зачин е исклучително здрав и лековит.

Оваа билка често се користи во народната медицина, бидејќи нејзиното дејство може да биде многу интензивно.

Од таа причина, во Европска унија воведен е закон според кој на производот мора посебно да се нагласи ако ја содржи оваа билка во неговиот состав.

Постојат два вида на оваа билка: црн синап (Barssica nigra) и бел синап (Sinapis alba).

Што се однесува до минералите, билката синап содржи калиум, калциум и фосфор. Богата е и со витамините А, Ц и Е, тијамин, рибофлавин и нијацин. Исто така, изобилува со омега 3 масни киселини и гликозид синалбин, кој е одговорен за лутиот вкус.

Како се користи синапот како лек?

Најлековитиот дел од синапот е неговото семе. Тоа нема мирис, но затоа се карактеризира со силен и лут вкус. Семето се покажало многу добро за проблеми со срцето, дигестивниот систем и црниот дроб.  Го забрзува метаболизмот, ја подобрува циркулацијата, го прочистува крвотокот. Чајот од семки од синап е одличен лек за одбрана од настинки и заштита на дишните патишта.

Семето од оваа лековита билка може да им помогне на онесвестените лица да си ја вратат свеста. Доволно е само лажиче мелен синап да му ставите на човекот под носот. Меленото семе на билката има силен и лут мирис кој помага да се поврати свеста.