Внимавајте на сладоледот

22

Високите летни температури можат да бидат како “темпирана“ бомба кога е во прашање храната. Наместо да ве разлади и освежи, неправилно подготвена или несоодветно чувана, храната може да ви направи сериозни проблеми по здравјето.

Тоа важи и за сладоледот, што најверојатно прв, со право, ви паѓа напамет ако сакате да се освежите на пеколните температури. Но, мора да внимавате од каде го купувате и како го чувате.

Затоа советите се однесуваат на тоа:
– Да се купува сладолед од сигурни продажни места и да се внимава на разладниот уред каде се чува сладоледот;
– Пред консумирање да се провери изгледот, мирисот и вкусот на сладоледот;
– Доколку се купува сладолед, пакуван сладолед, да се внимава на рокот на употреба, односно да се прочита означувањето.