Намирници што го чистат телото од никотин

17
top view lemon with lime on a tray with cinnamon a knife and a cup of tea on a white towel on a light blue background

Иако е општо познато и докажано дека цигарите се штетни, многумина не можат да се откажат од нив. Сепак, корисно е да се знае кои намирници можат да одиграат улога во чистење на организмот од никотинот.

Зелен чај

Пушачите полесно ја губат течноста од организмот и полесно можат да дехидрираат. Токму поради тоа треба да пиете поголемо количество на вода и зелен чај. Со тоа му помагате на телото да се исчисти.

Киви и лимон

Освен вода пушачите ги губат и витамините А, Ц и Е коишто го зајакнуваат имунитетот. Затоа, треба секој ден да јадете барем по едно киви, а наутро да пиете по една чаша лимонада.

Спанаќ и брокули

Фолната киселина му помага на телото да го исфрли никотинот. Спанаќот ја има во изобилие, затоа почесто консумирајте го како и брокулите коишто содржат витамин Б5 и Ц.

Свеж морков

Кожата на пушачите ја менува бојата и ја губи еластичноста, а причина за тоа е никотинот. За да ја врати виталноста, јадете повеќе свеж морков. Можете да го изрендајте во салата или да го пиете како сок со лимон или јаболко.

Портокал

Сокот од портокал го хидрира телото, му ги дава потребните витамини и му помага да се ослободи од штетните материи. Доволни се два портокали дневно, а најдобро е да ги консумирате помеѓу оброците.