Како правилно да ја користите кремата за сончањe

26

Најдобрите светски стручни лице за кожа и превензија од рак советуваат како правилно да користите крема за сончање и која навика морате да ја створите за да избегнете меланом на кожа. Заштитата од сонце е клуч за превенција на рак на кожа, тврдат американски научници. Околу 90 проценти од бенигни тумори на кожата и 65 проценти меланоми се поврзани со излагање на UV радијација.

За заштита на кожата, стручните лица препорачуваат производи со широк спектар на SPF од 30 или повеќе, за поголем одмор и изложеност на сонце, со напомена дека SPF преку 50 не е по делотворен од SPF 30.

SPF (фактор за заштита од сонце) е заштита за долга изложеност на сонце за време на B (UVB) зрачење, кое е главна причина за изгореница од сонце и предизвикувач на рак. Крема за сончање со широк спектар исто така штити против UVA зрачења, кои влијаат од стареење и болести на кожата.

Нанесете крем за сончање 30 минути пред да се изложите на сонце

Обичните креми за сончање не треба да ги нанесувате во моментот пред да излезете или уште полошо, кога ќе пристигнете на плажа. Најдобрата заштита ќе ја постигнете доколку се намачкате половина час или час пред да се изложите на сонце.

Одберете секојдневна крема. Минералната крема не се изедначува добро со кожата и остава бели траги или траги во која било боја во која е обоена кремата. Исто така, минералните креми за сончање кои содржат цинк оксид ги рефлектираат ултравиолетовите зраци и траат кратко после нанесувањето, така што тие не се баш најдобар избор.

Нанесете доволно крема

Без разлика каква крема за сончање ќе употребите, таа нема да биде ефективна ако не ја нанесете доволно. На лицето треба да нанесете околу 1,25 мл, а на телото околу 60 мл крем за сончање.

Нанесувајте ја кремата на секои 2 часа

Ефектите на кремата за сончање траат кратко, особено ако влијаат водата и потта. Нанесувајте крема за сончање барем на 2-3 часа, а уште почесто ако влегувате во вода или се бришете со крпа.