Овие шест симптоми ги откриваат проблемите со хормони кај жените

113

Кај голем број жени се забележува промена во расположението, а како причина за тоа се наведува хормоналниот дисбаланс. Тоа е така бидејќи хормоните се многу важни за општата благосостојба на женското здравје и имаат огромно влијание врз умот, зрелоста, плодноста и други состојби.

Постојат одредени симптоми што јасно укажуваат на одредени проблеми со хормоните во организмот:

Постојано чувство на глад – неизбалансираните хормони можат да ја подигнат желбата за храна, особено на слатка храна.

Зголемена телесна тежина – ако се борите со килограмите, редовно вежбате, а немате резултати, за тоа може да ги “обвините“ хормоните. Во такви услови, организмот со намален капацитет ги троши калориите и станува отпорен кон слабеење.

Намалено либидо – хормоналното нарушување, исто така, ја намалува желбата за секс. Како причина за тоа се наведува несоодветното ниво на кортизол, естроген, тестостерон, како силни и влијателни хормони во женското тело.

Чести промени во расположението – жените кои имаат хормонално нарушување имаат чести промени во расположението, па така во еден се еуфорични, а веќе следниот момент се тажни или несреќни.

Општа слабост на телото – поради нарушувањето, организмот се чувствува исцрпено и заморно, па жените со ваков проблем чувствуваат како ја губат силата и не можат да ги завршат редовните обврски.

Нередовен сон – неквалитетниот сон, исто така, може да биде последица од хормонално нарушување. Жените со ваков проблем често се будат ноќе, тешко заспиваат, а според експертите најкритично им е околу два до четири часот по полноќ, особено кај жените во менопауза.