Како да се изборите со кариесот на забите?

107

Скоро и да нема човек кој барем еднаш во животот не се соочил со кариес на забите. И покрај редовната орална хигиена и посета на стоматолог, сепак кариесот мистериозно се појавува.

Наместо некои скапи третмани, постои начин како можете лесно и ефикасно да се ослободите од здодевните црни точки на забите. И тоа со помош на лушпи од јајца. Добро се знае дека лушпите од јајца се богати со калциум. Освен тоа, во себе содржат и: магнезиум, силикон, фосфор, калиум, натриум, сулфур, железо…

Постапката за употреба на лушпите од јајца е многу лесна и едноставна. Треба да ги зовриете лушпите во вода околу пет минути. Тоа време е доволно за да се уништат сите бактерии на лушпите. Откако ќе провријат, исушете ги и сомелете ги за да добиете прашок. Дневната препорачана доза е половина лажичка секој ден, а можете да го додадете во вашиот омилен пијалак или храна.