Пијте доволно вода за да го одржите младешкиот изглед

97

Сите добро знаеме колку е важно да пиеме вода во текот на денот, за да можат сите функции во телото да се одвиваат во најдобар ред. Но, само една петтина од луѓето пијат доволно вода во текот на денот.

Еве еден експеримент што покажува колку е важно внесување доволно количество вода.

Сара Смит е 42-годишна мајка на две мали деца во Велика Британија. Таа, како и многу други, отворено призна дека не ја пие препорачаната доза од два до три литри вода дневно. Таа секојдневно чувствуваше главоболки и лоша дигестија. По консултации со медицински професионалци и за двете прашања, ѝ беше кажано дека причина за тие состојби е недоволното внесување на вода.

Иако имаше 42, Сара имаше лице што потсетуваше на некоја жена што е најмаку 10 години постара. Темните дамки околу очите беа уште еден доказ дека нејзиното тело е дехидрирано.

Откако почнала да внесува пропишана количина на вода, уште на крајот на првата недела почна да ги согледува разликите, а промените беа видливи. Главоболките полека ги снемуваше, кожата се врати во првобитната форма, немаше повеќе чудни дамки, немаше повеќе толку силни болки во зглобовите.

По две недели забележа и дека го снемува надуваниот стомак и целулитот на нозете, а главоболките веќе заминаа во историјата. Третата недела беше пресудна да се “избришат“ брчките околу очите и да се врати нејзиниот младешки изглед. Веќе во четвртата недела Сара го врати својот изглед, а почувствува дека има повеќе енергија и елан.

Истражувањата покажаа дека 37% од луѓето ги мешаат сигналите за жед со оние за глад. Со внесување на доволно количина вода, тоа се надминува.